Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 октомври 2022
Територијалната противпожарна единица Велес доби ново возило. Тоа е донација од Дирекцијата за заштита и спасување. Возилата на градоначалникот на Велес, Марко Колев, го врачи директорот на ДЗС, Беким Максути.
Тој истакна дека нивна цела е со овој настан да се привлече вниманието кон улогата и значењето на системот за заштита и спасување и да се подигне свеста за важноста од подготвеноста за справување со различни природни непогоди и други несреќи.
ТППЕ Велес претходно има две слични теренски возила, за високите делови од градот, кои беа донација од Јапонија и Швајцарија.
Заедно со Велес вакви возила добија уште 13 други градови во земјава, Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Кичево, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар.. Настанот се одвиваше под слоганот "Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните“.
Ова возило е од исклучително значење за навремени и ефективни интервенции на противпожарната единица во градот. Вкупна вредност на донацијата е 42,5 милиони денари, со кои се подобрува техничката опременост за противпожарни интервенции.
Tweet |