Петар Печков
Објавено: вторник, 11 јуни 2024
Велешките пожарникари освен локализирањето на огнот, добиваат дојави и за карактеристични случаи, тие ги нарекуваат „технички“ интервенции. Во нив, меѓу другото спаѓа и влегување во стан заради потребите на полиција. Изминатите денови, во билтенот на Територијалната противпожарна единица Велес, се два такви случаи.
„На ден 10.06.2024 во 22:15 примена е дојава за падната жена во када на ул. Христо Татарчев. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 против пожарно возило и 2 пожарникари спасители. Благодарение на пожртвуваноста на нашите колеги кој по пристигнување на лице место влегоа преку балконот во станот и жената ја извадија од кадата“ – пишува во информацијата.
Вториот случај е неколку дена претходно.
„На ден 07.06.2024 во 22:05 од страна на полиција примена е дојава за заклучено лице во дуќан. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 1 против пожарно возило и 3 пожарникари спасители по пристигнување на лице место вратата е отворена“ – соопштија од ТППЕ Велес.
И во двата случаи лицата се предадени на Итна Медицинска Помош.
Tweet |