речник контакт

Велешките пожарникари ја покажаа нивната опрема и знаење на 20 мај, денот на македонските пожарникари (фото видео)

Во објектот каде е сместена ТПЕЕ Велес, беше изложена опремата со која единицата располага

Петар Печков

Велешките пожарникари со смотра на опремата и техниката, го одбележаа 20 мај, Македонскиот ден на пожарникарите. 

Во објектот каде е сместена ТПЕЕ Велес, беа изложени опремата со која единицата располага и техниката која ја користат при локализирање на оган. ТППЕ –Велес брои 32 пожарникари и 11 возила и според истражување од лани, заедно со Штип имаат возила кои се меѓу најмладите во земјава со просечно  11 години користење. ТППЕ-Велес покрива голема територија, од три општини Велес, Градско и Чашка.  На овој ден, заедно со пожарникарите беа и децата од градинките и ученците до второ одделение од основните училишта.

Зголемен е бројот на интервенции на велешките пожарникари лани за 35 повеќе отколку во 2022, или во бројки 269 наспроти 234. Откако четири години претходно бројот на интервенции на велешките пожарникари постојано се намалуваше, лани се случи нивен пораст.  Освен што е зголемен бројот, во пожарите лани згаснаа и два човечки животи а во 2022 жртви немаше.

Пожари на отворено имало 115/ 124  во 2022, пожари на објекти 20/62 и 51/48 технички интервенции, во кое што спаѓа и интервенции при сообраќајки, вадење давеници од вода, влегување во стан заради потребите на полиција, искрење на бандери, вадење на вода од подрумски простории.

При пожарите во шума, на трева, стрништа биле зафатена површина од 400 ха што е за 150 повеќе отколку во 2022 кога биле опожарена површина од 250ха. а во 2021 -179 ха.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »