речник контакт

Велешките семејства од Киев сакаат да заминат ама не можат, не се чувствуваат безбедни по патишта

Се работи на најдобар можен начин, овие лица да бидат извлечени- велат од МНР

Петар Печков

Две велешки семејства чекаат да замината од Киев и до воена зафатената Украина, но во тоа се спречени. Велата дека го пропуштиле повикот на МНР да ја напуштат земјата, пред да почнат воените дејствија од страна на Русија, а сега кога сакаат тешко може тоа да се реализира.

„Сакаме да заминеме, не` контактираа од МНР, но тоа е без малку неизводливо. Треба сами да патуваме 40-50 км до местото каде се формира конвојот и така заедно да ја напуштиме Украина. Но сам со сопругата, едногодишно дете да патувам по патишта за мене е небезбедно. Има многу луѓе со оружје, сега Русите целат со некои ракети кои не се така прецизни и погодуваат цивилни цели. Би било добри да се најде начин од МНР да тој конвој биде од Киев, со некоја добротворна организација, друга амбасада, да си дојдеме дома“ вели Александар Ѓорѓиевски, велешанец кој живее и работи во Украина.  

Идентична е судбината и на Игор Ангелов, кој со сопругата и две годишната ќерка живее во околината на Киев, кому му е понудено во два наврати да се приклучи во конвој и ја напушти Украина.

„Со возилото со кое располага, не е можно да минам две илјади километри до дома. И додека се приклучам до конвојот може да се налета на друмски разбојници, наоружани луѓе, кои ги интересира личен профит, не војуваат за никого, туку само за себе. Би било добро ако се најде некој конвој тука од Киев да се приклучиме. Има доста заинтересирани Украинци  кои би заминале како бегалци  за Македонија“ - вели Игор.  

„Свесни сме за нивните барања, се имаме во предвид. Во комуникација сме со Македонците таму, пазиме од секој аспект. Се работи на најдобар можен начин, тие лица да бидат извлечени. Влошена е ситуацијата и многу е тешко“ - кажа Анеха Салихи портпарол на МНР.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »