речник контакт

Велешките советници според месечниот надомест добиен во 2019-та, при врвот од земјава

Советниците во Лозово , Градско и Чашка добивале по 9.710 денари месечно

Петар Печков

Велешките советници, 23-ца на број,  се на петто место во земјава според  добиениот месечен надомест. Тие во 2019-тата добивале по 16.993  денари месечно, или по 70 отсто од просечната плата исплатена во 2018-та година,  додека претседателот на Советот добивал со 5,1илјада денари повеќе или ефективно  22.091 денари. 

Со ова велешките советници се во група со колегите од  Аеродром, Гази Баба, Битола, Гостивар, Кисела Вода, Карпош,  Охрид, Прилеп, Струга, Струмица, Тетово а пред нас се Скопје, Кичево, Куманово и Чаир. Ова се податоците кои ги објави невладината Центар за граѓански комуникации.

Во 2019-ата Советот на Општина Велес одржал 22 седници со што според работаа е на третото место во земјава, по Град Скопје со 24 и Битола и Свети Николе со по 23 одржани  седници. Ист број седници во 2019-тата одржала  и Општина Лозово.  Нејзините советници во 2019-та примале месечен надомест од 9.710 денари а претседавачот од 12.623 денари. Ист толкав месечен надомест примале и советниците во Општина Чашка и Општина Градско. Со тоа што в советниците од Чашка одржале 16 а од Општина Градско 11 седници во текот на 12 месеци од 2019-та година.  

Ако се поделат надоместоците според одржани седници, советниците од Велес добивале по 12.050 денари, советниците од Лозово по 5.292 денари, од Чашка 7.282 денари а од Градско во просек по 10.592 денари.  По оваа пресметка најплатени се советниците од Кичево, кои добиваат 18.102 денари по седница, а најмалку платени советниците во Вевчани по 4855 денари.  Општина Лозово има девет  советници, Општина Чашка брои единаесет   и Општина Градско е со девет советника.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »