речник контакт

Велешките советници ја добија правната битка со општината

Кога пресудата ќе биде правосилна, на овие советници ќе треба да им се плати 140 илјади денари, плус камата за три години

Петар Печков

 Дванаесетмина советнициод претходниот состав,  ја добија правната битка со локалната власт на општина Велес откако судот им ја прифати тужбата,  па ќе треба да им исплати   вкупно 140 илјади денари, плус камата за изминатите три години.

Тие ја тужеа општина Велес, бидејќи не им исплатила надоместок за седница од 11 јули 2008-та година. Таа е започната, но не и завршена, па иако тие присуствувале, општината решила да на им го исплатува надоместокот. Советниците затоа пак сметале дека тие биле присутни а што седницата не завршила не е нивна вина, па поднеле тужба.

Со  првата судска  пресуда таа била отфрлена,  но Апелација ја вратила со укажување и постапувајќи по него е донесена ваква одлука. Така втората пресуда за оваа тужба е во корист на 12-те велешки советници, на кои локалната власт ќе треба да им исплати од општинскиот Буџет  заедно за сите  вкупно 140 илјади денари, плус камати за изминатите три години, од 2008-та до сега.

Седницата за која советниците си ги бараа парите е таа на која се побара смена на тогашниот претседавача Трајко Бабунски, која започна,  се прекина, се одложуваше и не заврши.

Оваа тужба  ја поднесоа тогашните советници Атанас Василев, Оливер Гашев, Валентина Делиманчева Андреева, Данчо Стојанов, Трајко Бабунски, Саит Јакупи, Стојна Трајковска, Деjан Гавазов, Весна Стојановска Богоевска, Ефтимија  Карбева Лукарева, Весна Џајкова и Зоран Ѓуровски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »