Петар Печков
Објавено: среда, 17 септември 2014
Средата од 7 до 11 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата Велес реализираа акциска контрола за брзина на движење на возилата. На два пункта на излез од градското подрачје, на крстосница Штипска клучка и улица Димко Најдов во Велес укажувале на возачите за прошипаната бразина на движење.
Сообраќајни патроли вршејќи ги редовните работни обврски им укажуваа на возачите да ја почитуваат пропишаната брзина на движење заради лична но и безбедност на останатите учесници во сообраќајот. Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата Велес и во иднина ќе продолжи со превентивното работење на терен, пред се заради одржување поволна безбедносна состојба , како и подигање на нивото на сообраќајна култура на сите учесници во сообраќајот - велат од СВР Велес.
За време на акцијата биле поделени и едукативни флаери но и миризливи освежуваачи за во автомобил.
Tweet |