речник контакт

Велешките стилисти против домашното работење на диво

Велешките мајстори на разубавувањето, фризерите и козметичарите дигнаа глас против нивните нелегални колеги кои работат дома

Петар Печков

Претставниците на Здружението на занаетчии - козметичари и фризери поднесоа петиција до Управата за Јавни  приходи од која бараат да ги заштитат од нелегалната конкуренција и да се преземат мерки против дивото работење во домашни услови.

Со ова наша реакција не ние  целта да ги качиме цените на нашите услуги, туку да се создаде ред  и сите да имаме исти услови за  работа. Ние сме регистрирани и плаќаме давачки кон државата за нашата работа и затоа бараме од неа да не заштити оти ги губиме муштериите кои користат услуги од наши колеги кои работат дома. Очекуваме нивниот инспекторат да не поддржи во ова наше барање за создавање ред во нелојалната конкуренција. Тие не плаќаат придонеси, немаат регистрирано фирма, користат евтина струја, за разлика од нас – рече Томислав  Тоциновски претседател на ова Здружение.

Тоа броело 30-тина мајстори  наспроти проценките  дека на диво работат двојно повеќе нивни колеги, сите  дома. Поради ова споредбено со лани истиот период имале за половина помалку работа. Нелегалните мајстори нуделе и услуги со сомнителен квалитет.

Има бројни примери  на муштерии кои имале здравствени проблеми поради лошиот квалитет на  услугите кои се дадени од нелегалните козметичари. Тие се снабдуваат со репроматеријал од Бит Пазар од Скопје,  додека ние имаме од светски познати марки – вели  Јана Благодовска. 

Велешките стилисти очекуваат дека во борбата со нелојалната конкуренција ќе им се приклучат и нивните колеги од другите градови во Македонија.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »