речник контакт

Велешките стопанственици бараат регионалната канцеларија на УЈП да се врати во Велес

Од 2000-та година Регионалната канцеларија на УЈП се сели на релација Прилеп - Кавадарци - Прилеп

Петар Печков

Седумнаесет  години Регионална канцеларија на УЈП не е во Велес, откако тука беше од осамостојувањето на Македонија. Потоа седиштето беше  Прилеп па Кавадарци. Стопанствениците од градот бараат тоа да се врати во Велес.   

На денешниот состанок со директорката на УЈП Сања Лукаревска, било актуализирано токму ова. По состанокот на прес конференција, прашана кога регионалната канцеларија ќе се врати во Велес, директорката не даде прецизен одговор. 

Беше разговарано на состанокот и за оваа желба.  Рековме да оставиме времето да покаже,  бидејќи во рамки на институцијата УЈП, правиме соодветни измени и на систематизацијата и на организацијата.  Имаме разговори, дебати, ќе видиме како ќе се одвива тој процес . Секоја промена за нас е добредојдена, независно дали е организациска или друга развојна програма - рече Лукаревска. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »