речник контакт

Велешките стрип автори гости во Призрен

На меѓународниот стрип салон во Косово ќе учествуваат автори и од градов

Петар Печков

      Македонската стрип сцена со свои автори викендов ќе учествуваат на 8. Фестивал за стрип и карикатура „Призрен 2012“ организиран од Асоцијацијата за стрип и карикатура „Џенет Комикс“ од Призрен, Косово.

На фестивалот за стрип и карикатура „Призрен 2011“ ќе учествуваат и автори на стрип и карикатура од Турција, Италија, Албанија и Косово.

Освен присуството на неколкумина веќе поафирмирани стрип автори , на овој фестивал ќе бидат изложени дела од помладата стрип  генерација од Македонија. Соработка меѓу  двете земји започна во 2009 г .

 Стрип центарот цела деценија претставува континуирано  место за поттикнување и афирмирање на домашни  стрип автори од разни генерации,овозможување на контакти со автори и фестивали од други земји

Најзначајна нивна  активност е секако 10-тиот Јубилеен Интернационален стрип салон којшто ќе се одржи од 12 до 15 Октомври во Велес. Организаторот успеа пред македонската стрип сцена да го доведе и реномираниот стрип цртач Мауро Лоренти од издавачката куќе „БОНЕЛИ“ Италија, творец на легендарниот Загор

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »