Петар Печков
Објавено: петок, 29 мај 2020
Управниот одбор на Здружение на судиите ја објави вредноста која нејзините членови, ја уплатија за Солидарниот фонд за справување со вирусот ковид -19.
Така Од Основен суд Велес, 14 од 16 судии уплатиле вкупна вредност од 162.892,00 денари.Двајца од велешките судии не ја почитувале одлуката.
За потсетување со Одлука од 29-ми април годинава УО на Здружението на судиите побара тие да издвојат/донираат најмалку 20% од нивната плата за месец април и мај 2020 година, за сметка на Солидарниот фонд за справување со вирусот COVID 19.
Управниот одбор одлука ја донел во форма на Препорака и истата судиите ја почитуваат на доброволна основа.
Судиите од сите судови во земјава покажаа солидарност, единство и колегијалност и донираа 4.632.144 денари - констатираше УО на Здружението на судии.
Ова дојде откако Владата донесе мерка со која судиите требаше за април и мај да добијат минимална плата од 14,5 илјади денари, којa Уставниот ја укина и предизвика силни реакции во јавноста.
Tweet |