Петар Печков
Објавено: вторник, 24 февруари 2015
Во периодот од 19 до 22 овој месец на подрачјето на СВР Велес, полициски службеници заедно со инспектори од Управната за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола на угостителски објeкти во повеќе места од територијата под належност на овој сектор за внатрешни работи. Притоа, во контролата опфатени биле 75 угостителски објекти од кои четири не работеле, биле затворени.
Така на подрачјето на Велес контролирани се 27 угостителски објекти од различен вид при што не се констатирани никакви неправилности во работењето. Исто така и на подрачјето на Неготино и Демир Капија кај контролираните 23 објекти не се детектирани неправилности во работењето.
На подрачјето на Кавадарци и Росоман, пак, проверка е извршена во 25 угостителски објекти, а од извршената контрола во еден угостителки објект се констатирани два прекршока по Закон за заштита од пушење при што на сторителите им се издадени покани за наплата на глоба, а од страна на Пазарна инспекција и Управа за јавни приходи против правното лице како и одговорното лице на објектот издадени се платни налози за наплата на глоба и забрана за работа на објектот во времетраење од 15 дена.
Tweet |