речник контакт

Велешките ученици учеа знаковен јазик

За прв пат надвор од Скопје ученици го учеа македонскиот знаковен јазик

Петар Печков

Триесетина ученици од велешките средни и основни училишта има можност за прв пат да учат знаковен јазик, со кој комуницираат глувите лица во земјава.  За период од 90 минути, предавачот Викторија Волак, вели  доволно за да се допре до младите, до нивните чувства за да дознаат нешто повеќе за нивните сограѓани кои не слушаат  и затоа користат раце во секојдневна комуникација.  Таа потенцира дека ова се случува  за прв пат надвор од Скопје и за ова популација.

Имав можност за прв пат на една ваква млада популација, која досега немала можност  за контакт со глуви лица, да им го приближам овој јазик.  Вакви настани најчесто се одржуваат во Скопје, многу малку надвор од него, но за други возрасни групи. На учениците им ги претставив основните работи поврзани со македонскиот знаковен јазик. Секоја држава има свој знаковен јазик, ние имаме наш македонски јазик кои го користат сите граѓани кои имаат проблеми со слухот на територијата на Македонија  - кажа Викторија Волак од комисијата за знаковен јазик пари националниот сојуз на глуви и наглуви лица  на Република Македонија. 

Таа за почеток им помогна на учениците да ја научат азбуката на македонскиот знаковен јазик.   

На младите светот останува треба да им ги прошириме видиците и хоризонтите на нивните погледи, кои ги имаа во секојдневниот живот, сите сме еднакви.   Младите малку или воопшто не ги знаат Брајовата азбука или знаковниот јазик. Сакаме да ја заинтересираме оваа возрасна група и кон другите писма кои се употребуваат во земјава - рече Лилa Арсова претседател на клубот на писатели, кој заедно со невладината ЦЕТ беше организатор на настанот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »