речник контакт

Велешко културно лето

Кои содржини се предвидени за јули?

Петар Печков

Во текот на двата летни месеци, локалана власт нуди содржини од т.н. Велешко културно лето. Откако тоа започна со гостувањето на театарот до Ниш –Србија, а се одржа Вардарската регата и во тек е Фолклорниот фестивал, понудата на содржини продолжува и во наредниот период.  

Министерството за култура во рамките ан проектот ,,Топол културен бран,, е поддржана за содржините  од август,  ние како локална власт се потрудивме да им понудиме на граѓаните содржини, за тие да не  почувствуваат дека ништо не се случува.  Така на 21 ќе имаме  промоција на книга и концерт на филмска    музика со Пламенка Трајковска кој ќе биде на отворено во Амфитеатар на Младински парк.  

Но имаме и други содржини. Одбележувајќи значајни настани и личности на 12-ти ќе ја одбележиме  годишнината од смртта на Андреја Дамјанов    со посета  и панихида  на неговиот гроб  во црквата Св. Пантелејмон. Следниот ден на 13 јуни ќе одбележиме  65 години од смртта на народниот учител Панко Брашнар, пред неговиот споменик кај Касарната.

Таму ќе има и концерт на народна музика а во Ликовниот салон ќе биде отворена изложба за животот на Брашнаров. Спроти Илинден ќе имаме концерт на забавна музика, името ќе биде познато дополнително    - најави Катица Чадиева задолжена за делот на културата во локалната власт.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »