Петар Печков
Објавено: четврток, 14 јануари 2021
Институтот за јавно здравје ги објави податоците за состојбата со ковид заразата во земјава.
Велес, поточно велешко, пациентите од општината заедно со соседните општини Градско и Чашка се наоѓа на осмото место според бројот на заразени изминатите месеци, 2868.
И според оздравените се наоѓа на истото осмо место со 2.389. Според бројот на починати 97 е на деветтото место. На истото деветто место е според бројот на активни случаи 382.
Во најголем дел од државата, вклучувајќи го и Велес, се забележува намалување на бројот на ново заболени кога се анализираат двата двонеделни периоди
Податоците на ИЈЗ се заклучно со 10-ти јануари.
Tweet |