Петар Печков
Објавено: четврток, 30 август 2012
Велешките лозари се судруваат со проблемот на откупот на грозјето. Двете винарски визби во регионот не работат или работат со мал капаците, па лозарите се сомневаат дека годинава ќе успеат да го пласираат некаде родот. Ваквата ситуација ја користат другите винарии од соседството, па ги уценувале се жалат велешките лозари.
Визбата во комшии, во Лозово е во стечај а таа во Велес на ``ММ Инвестмент -Лозар ,, која порано го откупуваше целиот род, сега откупува мали количини. Имаме проблем каде ќе го пласираме нашиот род. Многу мака и средства вложивме а сега сме целосно блокирани. Ќе треба да го превезуваме до Штип, Неготино или Кавадарци, како до пред некоја година. Сега секој сам за себе бара пат каде да го пласира родот а велешкото виногорје е пространо, има многу лозари. Поради тоа не уценуваат, со пониски цени, пониски трошоци за превоз - вели Славчо Спасевски од селото Иванковци.
Тој и неговиот брат добија ИПАРД средства за инсталација за наводнување на лозјата со систем капка по капка. И таман го вградија, добиваат побогат род и до 30 отсто, немаат каде да го пласираат грозјето. Третата винарска визба во велешко ``Стоби,,од Градско уште по започнувањето со работа најави дека нема да откупува, туку работи само со сопственото грозје од Црвени Брегови.
Од ПЕ на Министерството за земјоделци во Велес, објаснуваат дека Винарската визба ,, ММ Инвестмент -Лозар,, во сопственост на ``Зегин,, ја започнала правно -финансиската постапка за поголем откуп на грозје и очекуваат дека ова прашање во велешко ќе се реши до почетокот на септември и лозарите ќе има каде да го предаваат родот.
Tweet |