речник контакт

Велешкото музичко училиште „Стефан Гајдов“ одбележа 70 годишен јубилеj

Тоа е најстаро во земјава

Петар Печков

Општинското музичко училиште „Стефан Гајдов“ од Велес со свечен концерт во салата „Бели Мугри“ одбележа 70 години од постоењето и 110 години од раѓањето на својот патрон.

На концертот со популарните дела од класичната музика од Моцарт, Бетовен,Бах Хајдн,Шопен Дворжак, Бах, Шуберт и други композитори на пијано, виолина, виолончело, флејта, кларинет и гитара настапија најдобрите ученици од ова училиште, со поддршка и придружба на своите професори и ментори кои исто така настапија на концертот.

Настап имаше и хорот и оркестарот на училиштето. Благој Каракачанов директорот на училиштето, потенцира дека благодарение на успешната работа на стручниот музички кадар на училиштето, учениците од училиштето се’ едни од најдобрите музичари во земјава. Потврда за тоа е што тие  редовно освојуваат врвни награди и признанија на музичките натпревари во земјава и странство.

 

Годинава е една од поуспешните на музичкото училиште, а резултат се бројните домашни и меѓународни награди на ученици од ова музичко училиште. Нашите ученици  се едни од најуспешните млади музички таленти во земјава,а од кои потоа се регрутира музичкиот кадар и врвни професионални музичари, а кои работат во најпознатите оркестри во земјава и странство,потенцира Каракачанов. Основното музичко училиште од Велес е прво основано  во Република Македонија, а еден од неговите основачи е токму Стефан Гајдов роден во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »