Петар Печков
Објавено: четврток, 16 април 2020
Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес поднесе предлози за издавање на казнени налози против осум лица за кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата, донесена од Владата на Република Северна Македонија. Во временски период додека бил во сила полицискиот час, пеш се движеле по улиците на Велес што е констатирано од полициски службеници на СВР Велес- информираа од ОЈО Велес.
Од велешкото обвинителство предложено е на обвинетите да им се изречат парични казни од по 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра односно вкупно по 800 евра во денарска противвредност.
Tweet |