речник контакт

Велешкото обвинителството отвори истрага за двајца велешани кои поседувале марихуана

Полицијата ги лишила од слобода Л.Л.(38 год) и 30 – годишната М.А. двајцата од Велес, на наплатна рампа Сопот заради поседување марохуана

Петар Печков

ОЈО Велес отвори истрага за две лица, кај кои полицијата во четвртокот по полноќ, на наплатна рампа Сопот пронајде марихуана. За нив е побаран и притвор.

 Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

"Осомничените, велешанец и велешанка, во патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки пренесувале од Скопје во Велес наркотична дрога која претходно ја набавиле. При преглед на возилото во близина на патарината кај Сопот полицијата пронашла 13,16 грама хероин и 13,17 грама мешавина од кофеин и парацетамол која се користи како додаток за зголемување на масата на некои дроги, а биле пронајдени и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална продажба на дрога"- соопштија од ОЈО ВЕЛЕС.                                                            СВР Велес за овој настан претходно информираше.

„На 5 септември во 00.10 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Л.Л.(38) и 30 – годишната М.А., двајцата од Велес. На наплатната станица Сопот, полициските службеници извршиле контрола на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Л., а сопатничка била М.А., при што биле пронајдени и одземени кафеава грутчеста материја и кафеава прашкаста материја“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »