Петар Печков
Објавено: вторник, 23 февруари 2010
Велешкото јавно обвинителство доби нов прв човек, тоа е Славица Темелковски која досега работеше во обвинителството во Велес. Советот на јавни обвинители на неговата седница избра и три обвинители во обвинителството за организиран криминал.
Темелковски на велешката и македонската јавност и е позната од случајот со екс- владиката Вранишковски, кога таа и во двата предмети по кој Јован доби казна затвор, таа го бранеше обвинението. Таа стоеше и зад обвинението со кое Тамбурковски стана прв стечаен управник кој доби правосилна судска пресуда затвор. Од неодамна велешкото обвинителство е екипирано и со уште еден обвинител Анастасија Миланова, која дојде на ова место како стручен соработник во истата институција.
Tweet |