Петар Печков
Објавено: петок, 10 април 2015
Бидејќи Велигден во разни цркви се празнувал на разни датуми царот Константин го свикал во 325 година Првиот собир во Никеја на кој се расправало по ова прашање и се донесени некои решенија. Но правилата по кои денес се одредува датумот на кој се паѓа Велигден се дефинирани дури во 526 година.
Според овие правила Велигден е секогаш по пролетната рамно дневница во првата недела по полната месечина. Секогаш е во недела но не смее да се совпадне со денот кога Евреите го празнуваат Пасха, ниту да биде пред него. Ако е пред Пасха Велигден се одлага за првата недела по следната полна месечина, а ако се совпаднат во ист ден се одлага за следната недела. Велигден може да се падне на 35 датуми од 4-ти април до 8-ми мај два дена по Ѓурѓовден.
За илустрација следната година 2016 Велигден и 1-ви мај ќе бидат заедно. Потоа 2017-та католиците и православните ќе го чекаат заедно на 16 април, за во 2018-та да биде најрано уште на 8-ми април... За натаму да бидеме здрави и живи...
Tweet |