Петар Печков
Објавено: четврток, 29 април 2021
Традиционално секоја година волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Општинска организација Велес го одбележуваат празникот Велигден. Оваа година тоа го направија на штанд на кој ги изненадија граѓаните со рачно изработени велигденски јајца.
Поголем дел од велигденските јајца се изработија на заедничка работилница со посетители од Дневниот центар за лица со посебни потреби. Јајцата и останатите продукти е продаваат, велешани ги купуваа и биле собрани три илјади денари, средства кои ќе се искористат за лицата од социјален ризик.
„Велешани ни вратија со хуманост, дадоа донации кои ќе се искористат за помош на лица кои живеат во социјален ризик. На велигденскиот штанд освен јајцата како симбол за празникот, граѓаните добија, мафини, вода и велигденски честитки со посвета“ - изјави Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.
Млад пар од Велес, кој сакал да остане анонимен, донирал 50 топли оброци за дел од граѓаните кои го посетија штандот. Тие биле поделени на возрасната група лица, кои дошле, но и на лица од социјален ризик, кои се познати на Црвениот крст а минувале покрај штандот.
Tweet |