Петар Печков
Објавено: вторник, 30 април 2019
Организацијата на жени од Општина Велес, традиционално секоја година организира одбележување на Велигденските празници. Така и годинава, во салата на Интернационал повеќе стотини жени се собраа на дружење, но и да претстават дел од нивната умешност во креацијата за изработка на шарени велигденски јајца.
Целта е да се негува традицијата, да ги одбележуваме празниците, да ги стимулираме младите да го продолжат тоа што го работиме повозрасните - рече Мирјана Трајковска претседател на Организацијата на жени од Велес, која е организатор на манифестацијата. Годинава по 23 пат.
Повеќе од две децении се одржува оваа манифестација, колку и Божикната трпеза, на која присуствуваше и свештеник од Повардарската Епархија на МПЦ - ОА кој ја благослови Велигденската маса. Дружењето има кума, која има обврска да изработи колач, пармак, да донесе декорирани јајца, кои потоа се поделуваат на присутните во салата.
Годинава како новина се престави скопјанката Славица Марковска, која изработува слики од сушени светови и од срма.
Tweet |