Петар Печков
Објавено: четврток, 12 април 2018
Организацијата на жени од Општина Велес, традиционално секоја година организира одбележување на Велигденските празници. Така и годинава, во Розе салата повеќе стотини жени се собраа на дружење, но и да претстават дел од нивната умешност во креацијата за изработка на шарени велигденски јајца.
Целта е да се негува традицијата, да ги одбележуваме празниците, да ги стимулираме младите да го продолжат тоа што го работиме повозрасните - рече Мирјана Трајковска претседател на Организацијаа на жени од Велес.
Околу две децении се одржува оваа манифестација, колку и Божикната трпеза, на која присуствуваше и свештеник од Повардарската Епархија на МПЦ - ОА кој ја благослови Велигденската маса. Дружењето има кума, која има обврска да изработи колач, пармак, да донесе декорирани јајца, кои потоа се поделуваат на присутните во салата.
Tweet |