Петар Печков
Објавено: петок, 17 април 2020
Денес гостилница Боем подготви храна за 400 лица, која беше обезбедена со донација поранешниот фудбалер, Панче Ќумбев и неговото семејството.
Во рамките на програмата "условен оброк" денес на Велики Петок, се делеше подготвен оброк за лицата од ранливите категории.
Тоа беше во терминот од 11 до 13ч. пред гостилницата а храната беше наменета на социјално најзагрозените лица. Дел од оброците беа наменети и за дел од здравствените работници.
Организаторот Гостилница Боем, порача „нека биде провокација за сите кои имаат повеќе да дадат, на оние кои имаат помалку“.
Ваков „условен оброк“ гостилница Боем подготви и за Божик, тогаш помогната од ТА Мартин и Пан промет.
Tweet |