Петар Печков
Објавено: четврток, 28 април 2016
Во Младинскиот парк се одржа манифестација ,,Велигденско јајце,, на која учесници беа учениците од сите основни и средни училишта, средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“, ПОУ „Маца Овчарова“, волонтерите на ОО Црвен крст Велес, Дневниот центар на лица со посебни потреби, и Детската градинка „Димче Мирчев“. Кон шаренилото на велигденските јајца, креативноста и вештината на најмладите, се придружија и Организацијата на жени, ЗГ „Креација“ и Активот на жени пензионерки кои ги прикажаа традиционалните специјалитетите од велигденската трпеза.
Манифестацијата се одржа во пресрет на големиот Христијански празник ,,Велгиден,, а собраните средства од продажбата на јајцата беа наменети за секој штанд, според своите потреби.
На уредените штандови се нудеа на продажба најразновидно украсени велигденски јајца, корпи и други украси и реквизите за овој празник кои учениците сами ги изработија со голема умешност и вештина.
Tweet |