Петар Печков
Објавено: сабота, 11 октомври 2014
Повеќе од 200 учесника возеа на велосипедска оф роуд рекреативна трка. Од Велес до Сопот и назад, по селски, земјени патишта и мал дел по асфалт. Највозрасен учесник беше Никола Цецев од Велес со 74 години најмлада а Јана од Скопје со 11 години. Освен од Македонија имаше пет учесника од Ниш Србија. Патеката е во должина од 35 км. Тие меѓу другото го минеа и дрвениот висечки мост кај Рајко.
Целта на возењето е промоција на Питијадата, бидејќи за секој учесник има и една пита. Потоа промоција на Велес и зголемување на интересот за велосипед како начин на живеење. Успешно заврши првиот велешки оф роуд бајкинг. Немаше повредени, немаше технички проблеми со велосипедите. Нашето дружење по патиштата во велешко траеше скоро пет часови – вели Зоран Јаневски организатор на манифестацијата. По завршеното возење сите учесници ја густираа велешката пастрмалија.
Tweet |