Петар Печков
Објавено: вторник, 21 март 2017
И додека постојано се подига свеста за користењето на велосипед, се зголемува бројот на рекреативци кои се организирани во неколку друштва секојдневно возат, бројката на деца кои возат велосипед е се поголема, дотогаш велешани не го користат велосипедот како превозно средство.
Тоа може да се види од неколкуте паркинг простори, како што ги именува локалната власт. Тие се поставени на повеќе локации во градот и секогаш се неискористени, празни.
Велешани возат рекреативно велосипед но не и како превозно средство. Причината мислам дека е поставеноста на Велес, со многуте високи позиции во градот. Не се користи од сограѓаните за да дојдат на работа со велосипед. Наспроти тоа имаме голем експанзија на велосипедот како рекреативно средство, млади деца, возрасни сите почнувајќи од пролет се на две тркала – изјави Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора.
Законска обврска е на локалните институции да обезбедат паркинг простор за велосипеди, но очигледно е дека тие не се искористени. И на овој 15-ти велосипедска хепенинг Тур д Велес, се повтори исто толку пати кажаната констатација, на градот му треба велосипедска патека. Но и исто толку пати кажаниот став на локалната власт, во градот нема можност да се одбележи велосипедска патека, оти нема простор по коловозите.
Затоа пак дел од велосипедистите ги користат тротоарите поради нивна безбедност. Денешната трка беше во рамките на одбележувањето на Денот на пролетта и Денот на екологијата 21-ви март, а ја организираа ЕД „Вила Зора“ во соработка со Општина Велес и Советот на млади на Општина Велес .
И годинава го организираа „Пролетен еко - хепенинг“ именуван ,,Чиста природа здрав живот,,. Како и изминатите 14 години, така и сега се возеше велосипед, овој пат по нешто скратена патека, кружно од плоштад Сармаале до споменикот на Илинденците и назад. Во оваа пригода беше промовиран нов проект насловен ,, Мојата еко општина и јас,,.
Со овој проект ја подигаме свеста на жителите на градот со цел зачувување на зелената површина и помало нејзино загадување – ја најави акцијата Филип Спирковски претседател на Советот на млади при Општина Велес. Ќе го работа заедно со ЕД Вила заора,,.
Tweet |