речник контакт

Велосипедска патека патека се планира кон езеро Младост

Рекреативниот спорт опасен по велосипедистите, лани десетмина велосипедисти повредени во сообраќајки во градот

Петар Печков

Секоја пролет, велешките велосипедисти, рекреативци имаат ист проблем.  Како безбедно да возат велосипед   низ градските улици или околината,кога  нема велосипедска патека. Оваа тема за нив е ,,евергрин,, оти ја актуализираат секој  април, но никако да дочекаат решение. 

Секоја пролет организираме велосипедска трка по улиците на градот, со цел да ја подигнеме свеста кај сограѓаните за користење на ова превозно средство. Така праќаме порака дека тоа е најеколошко  и најекономско исплатливо средство за користење. За жал и по толку години наши реакции, велосипедска патека во градот и  околината  нема - вели Ненад Коциќ, претседател на ЕД Вила Зора.

 Велосипедот е најмасовното рекреативно средство кај велешани секоја пролет, но и најмалку безбедно. Минатата година според годишниот извештај на СВР Велес десетмина велосипедисти се повредени во сообраќајни незгоди на територијата на градот.   Првичната идеја беше да се гради патека до вливот на реката Бабуна но таа се напушти. Сега се заговара да биде до езерото Младост. 

Причина за патеката кон езерото е пристапноста на околината и конфигурацијата на теренот.  За да се гради патека до Бабуна потребни се многу средства, оти таму треба да се копа по околните ридови, нема простор каде таа да се постави. Кон езерото е друга ситуацијата. Таму има мегдан  и велосипедска патека ќе се изгради во овој правец - вели градоначалникот Чадиев.

Тој најави дека локалната власт ќе изгради три планинарски велосипедски  патеки, (познати како маунин бајк) едната кај ридот Св. Илија а две во околината на езеро  Младост. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »