Петар Печков
Објавено: недела, 08 декември 2013
Во Градскиот парк се одржа вело –крос- Велес, велосипедската трка во природа. Учествуваа стотина велосипедисти од десетина клуба во Македонија а трката се бодуваше за ранг листата на ВФМ.
Натпреварувачите од организаторот МВК Велес се покажаа како најдобри во младинска конкуренција. Таму ги освоија двете први е места Кристијан Николов пред Драган Цветковски а трет беше Влатко Рабаџиски од Свиок од Радовиш.
Во сениорска конкуренција најдобро време имаше Стојан петровски од Вело-М од Куманово пред Левент Рифат од Денда Скопје и Никола Ѓуровиќ од Вело-М Куманово.
Возеа и учесници во категоријата маунтин бајк а таму првото место му припадна на Стојан Хаџиевски од Свиок Радовиш, пред Лазе Миновски од ЕВТ Скопје и Влатко Рабаџиски oд Свиок Радовиш.
Кај младите кадети победија браќата Кристијан и Виктор Ванчевски од МВК.Се возеа кругови низ Градскиот парк кои беа во должина од 2 км.
Tweet |