Петар Печков
Објавено: вторник, 07 април 2026
Околу 70-тина учесници беа дел до велосипедската тура одржана денес во Велес, за 7-април, Светскиот ден на здравјето. Беше организирана под мотото „Здравјето пред се“ од РЦДСУ Коле Неделковски од Велес.
Турата беше по релацијата училиштен двор Коле Неделковски, Брако, Трговски, Сармаале, семафорите и назад во училишниот двор. Патеката беше во должина од 5 км и се возеше 25 минути.
Освен учениците од средното училиште Коле Неделковски со нивните професори, учествуваа деветто одделеници од основните училишта од градот и професорите по спортски активности, како и членови на Здружението „Велес бајкинг“.
Како поткрепа за учесниците, учениците од угостителската струка подготвија освежување за велосипедистите.
| Tweet |










