Петар Печков
Објавено: недела, 03 април 2011
Пролетниот зелен еко крос се обиде да ја разбуди заспаната свест на велешани за користење на велосипедот како превозно и рекреативно средство. Екологистие од ЕД Вила Зора токму затоа го одржаа овој крос, на кој учествуваа скромен број ученици, педесетина.
Целта ни е да да ја подогнеме свеста кај велешани да го практикуваат велосипедот, бидејќи тоа е поздраво, еколошки подобро и економски исплативо, а надлежните да влијаат да се обезбедат велосипедски патеки - изјава Ненад Коциќ прертседател на ЕД Вила Зора.
Ова е добра и полезна акција и таа треба да се негува се додека не се постигне поголема масовност. Треба еколошки да ја пречекаме пролетта и затоа да минеме на велосипед, тоа е и здраво за рекреација - изјави градоначалникот Горан Петров, кој призна дека не користи велосипед. Тој најави дека со реконструкцијата на Градскиот парк е предвидена велосипедска патека, исто како и на езерото Младост која веќе се работела во должина од 5 км.
Tweet |