речник контакт

Вера, Љубов, Надеж и мајката Софија 30 септември

Именден за Вера, за Љуба, за Нада, Софија. Многумина овој ден го поврзуваат со ден на љубовта кај православните

Петар Печков

Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија - мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова.

Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но одлучно ја исповедале верата во Господ Христос и одбиле да принесат идолски жртви на Артемида.

Пред страдањето мајката ги крепела ќерките со совети да истраат докрај. Мачителот ги мачел со лути маки сите една по една: најпрво Вера, па Надеж, па Љубов. Ги тепале, ги сечеле, ги фрлале во оган и во врела смола и најпосле една по една ги убил со меч.

Софија ги земала мртвите тела на своите ќерки, ги однела надвор од градот и таму чесно ги погребала. Останала на нивниот гроб три дена и три ноќи молејќи го Бога и така му го предала  нивниот  дух итајќи во рајските населби, каде што ја чекале душите на нејзините блажени ќерки.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »