Петар Печков
Објавено: петок, 29 ноември 2019
Вчера, четврток попладне, на автопатот Неготино -Градско, се случила верижна сообраќајка, во која учествувале четири возила, меѓу нив и неготинска Итна помош и има тројца повредени.
На 28-ми ноември во 14.50 часот било пријавено дека на автопатот Неготино - Градско, патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(36) од Битола, удрило во заштитна ограда и се превртело на коловозот. Во незгодата возачот и сопатникот С.С.(34) се здобиле со тешки телесни повреди. Потоа, во паркираното возило на ЈЗУ Здравствен дом Неготино, кое дошло на местото на незгодата, удрило возило „фиат фиорино“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.М.(26) од Скопје, а потоа во него удрило возило „киа рио“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј.(39) од Скопје. Притоа со повреди се здобил И.М.- изјави портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Од ЈЗУ Општа Болница Велес, вчера по сообраќајката изјавија дека кај нив биле донесени тројцата повредени во сообраќајката на автопатот Неготино- Градско. Полесно повредениот И.М. од Скопје е пуштен на домашно лекување, а двајцата потешко повредени Г.Д. и С.С. од Битола се задржани во Велешката болница. Едниот од нив има скршеница на потколеницата, а другиот две скршени ребра и стапало на левата нога.
Tweet |