Петар Печков
Објавено: сабота, 21 јули 2012
Рамазан се слави 30 дена, време во кое ќе постат, ќе се воздржуваат од храна, од пијалоци, од лоши мисли и дела.
Еден од најбитните настани во текот на овој месец е постењето. Секој ден во текот на месецот Рамазан, муслиманите низ светот стануваат пред изгревот на сонцето да јадат оброк пред зората и да обавуваат молитва. Сите мора да имаат завршено со јадење и пиење пред да започне повикот за молитва. Муслиманите може да продолжат да јадат и пијат по залезот на сонцето, па се до следниот повик за молитва.
Рамазан е деветти месец од лунарниот, муслимански хиџретски календар, кој се смета по Месечината, а не по Сонцето. Тоа значи дека секоја година постот почнува 10 или за престапната година, 11 дена порано.
Постои верување дека со почетокот на месецот Рамазан се отвораат вратите на џенетот (рајот), а вратите на џехенемот (пеколот) се затвораат, додека шејтаните (ѓаволите) се оковани.
Според верувањето 27-та ноќ од Рамазан е најзначајна во годината бидејќи во текот на ноќта почнала објавата на Куранот.
Јадењето и пиењето дозволено е во текот на целата ноќ. Од постот ослободени се децата, бремените жени, доилките и болните луѓе. Според Куранот, Рамазан има четири димензии - духовна, морална, солидарна и здравствена.
Tweet |