речник контакт

Верче Пандиловска велешка снаа

Поп пејачката Верче Пандиловска од саботата стана и госпоѓа Гичев.

Петар Печков

Поп пејачката Верче Пандиловска од саботата стана и госпоѓа Гичев.

По матичното околу 20-тина најблиски со младенците заминале во ресторанот „Три бисери“ на вечера.

Верче од свекрвата и свекорот на подарок го добила семејниот накит, кој се подарувал на генерации, а од нив на подарок и бил и фустанот со скапоцени камења, кој го изработил атеље „Кокев“.

 \"\"

Зетот Sвонко, пак, носел специјален костум од „Тетекс“ и и од глава до петици за оваа пригода бил стокмен од родителите на Верче.

За први сведоци младите ги одбраа музичарот Љупчо Мирковски за кум и водителката Мелита Ракичевиќ како старосватица.

На крајот од вечерата се распеале и младоженците. Верче ги пеела „Благуно дејче“ и некои стари песни од тетовскиот крај, а Звонко, пак, и ја пеел „Лажи, лажи Вере“.

Верче и Sвонко пред Бога ќе се заколнат во Лешочкиот манастир на почетокот на идниот месец а свадбената веселба ќе се одржи во скопскиот ресторан „Ореов лад“.

Гостите ќе ги забавуваат браќата Никола и Марјан Коцеви, заедно со фолк sвездата Благица Павловска. Атеље „Кокев“ веќе га подготвува свадбениот фустан, но зетот ќе биде облечен во смокинг од „Тетекс“\".

Извор: Вест

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »