Петар Печков
Објавено: недела, 22 септември 2013
Актерката Весна Димитровска Бобевски и Ристе Бобевски се венчаа во црквата Св. Богородица. На празникот на Св. Јоаким и Ана, Весна и Ристе стапија во црковен брак. Овој чин го изврши Владиката Агатангел во сослужение со седум други свештеници од велешкото архиерејско намесништво. На црковната венчавка присуствуваа најблиските роднини на младоженците.
Ова е возвишено чувство, што еднаш се случува во животот. Се надевам дека ќе не следи Божјата помисла натаму во животот, до крајот – рече Весна Бобевски.
Од денес сме постојано заедно и во добро и лошо, да се надградуваме, да се сакаме. Со нови обврски да се тешиме и надополнуваме – рече Ристе Бобевски.
По венчавката за роднините имаше мала семејна интима прослава. Свадбената облека, фустанот за невестата и кошулата и панталоните за младоженецот беа набавени за оваа пригода во Италија. Кумството е старо стотина години од фамилија Андоновски, сега преку ќерката мажена Панчевски а старосватица беше оперската певица од Велес Веселинка Маџарова. Девер беше Аце Пановски кој е и главниот виновник за спојувањето на Весна и Ристе.
Tweet |