Петар Печков
Објавено: сабота, 29 април 2017
Од денес, сабота 29 април дневните весници Утрински и Вест повеќе нема да се печатат, нема да ги има во хартиена верзија.
Ќе постојат од 1-ви мај како електронски, интернет изданија. „Утрински весник"згаснува по цели 18 години, а „Вест“ по 17 години постоење на медиумскиот простор во Македонија. На насловната страница на последниот печатен број на „Утрински“ стои „ До наредно гледање“, додека во „Вест“ се одлучија за „Чао“.
И двата весника оставија силен траг во Македонската држава и новинарство.
Ми беше задоволство што во последните пет години бев дел од двата печатени медиуми и со свои текстови учествував во нивната читаност.
Tweet |