Петар Печков
Објавено: вторник, 24 февруари 2026
Ветераните на ОК Борец се победници на турнирот кој се одржа на островот Раб Хрватска. Тие викендов забележаа четири победи и без загубен сет го освоија првото место. На турнирот учествуваа четири екипи, Динамо Загреб, Инѓија –Инѓија, Шабац и велешки ОК Борец.
Во саботата во лига системот забележани се две победи над Динамо Загреб и Инѓија и освоено е првото место . Во неделата како првопласирани играле со четвртопласираниот Шабац и го совладале со 2:0. Со овој противник играа и на турнирот во Крањска Гора Словенија.
Во финалето играа со победникот од второто полуфинале Динамо Загреб – Инѓија, екипата на Инѓија која ја совладале со 2:0 (18,16). Како победници велешани освоија златни медали, пехар и ваучер во вредност од 500 евра.
Него ќе може да го искористат на турнирот во Бања Лука, БиХ, кој се одржува во април и е дел до Гран при, заедно со тие во Крањска Гора и Раб, каде ОК Борец ветерани учествуваа.
Во април имаа покана за учество на турнирот во Соко Бања каде учесници беа и лани и во мај во Будва – Црна Гора. Во април започнува и домашното првенство на ветерани.
За ОК Борец ветерани настапија Душан Анѓушев, Зоран Жабев, Златко Жабев, Ѓоре Арсов, Сашко Миланов, Благојче Гинов, Александар Гулевски, Тодор Коцев, Тодор Стојанов, Даниел Наумовски а тренер беше Љупчо Гинов.
На трибините во салата во Раб беа присутни и велешаните Горан и Вилма со внукот, кои живеат во Изола Словенија а допатувале да ги бодрат велешките ветерани.
| Tweet |





