Петар Печков
Објавено: среда, 09 септември 2026
Вечерва на фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица ќе биде прикажана претставата „Годо“ копродукција на велешки театар, штипски и кумановски. Почетокот е закажан за 22ч. Оваа претстава е дел од селекцијата на фестивалот, велешката публика ќе ја види во текот на овој месец, септември.
Во „ГОДО“ настапуваат Ефтим Трајчов Ѓаурски, Марко Трајковиќ, Жарко Спасовски, Марија Бреслиска и Јоана Панзова. Преку современ сценски јазик, проектот ги отвора прашањата за човекот, иднината, технологијата, надежта и вечниот феномен на чекањето. Режијата е на Ѓорѓи Ризески.
По петочната премиера на претставата „НОНА“ во велешки театар паралелно се работи и претставата „МАМА, АЛОЈЗ И ЈАС“, во режија на Деан Дамјановски, работена според драмата на Космин Станила „Сите нешта кои ми ги зеде Алојз“. Со оваа претстава актерката Слободанка Чичевска одбележува професионален јубилеј – 45 години професионално актерско појавување и 40 години од нејзиното официјално вработување во велешкиот театар. Во претставата покрај Чичевска играат и првенецот на Велешки театар Васил Зафирчев и Филип Христовски.
| Tweet |




