речник контакт

Вечерва велешки театар со Едвард Втори настапува на Фестивалот МЕСС во Сараево

Во официјалната програма на фестивалот се 11 претстави

Петар Печков

Вечерва, недела, 6 октомври од 19,30ч., на сцената на Народно позориште Сарајево, настап во официјална конкуренција на Фестивалот МЕСС, ќе има велешкиот театар „Јордан Хаџи Константиов Џинот“ со претставата „Едвард Втори„. Таа е работена  по текст на Кристофер Марлоу, драматизација на Сашо Димоски  а режијата  е  на Украинецот Андреј  Жолдак.  Претставата „Едвард II“   е  копродукција, дел од меѓународен проект со Драмскиот театар од Пловдив, Бугарија  насловен  „Манифест“.  Премиерата беше лани на Охридско лето  на 6 август.

Организаторот на Меѓународниот фестивал на малите и експериментални сцени во Сараево, претставата ја најавува како „поп-арт уметност својствен за физичкиот театар, во која авторите се поигруваат со различни жанрови, посебно со крими-трилерот“.

Во официјалната програма на фестивалот се 11 претстави, три од Бих и осум од светот, Италија, Франција, Либан, Албанија, Хрватска,  три се копродукции Швајцарско-Палестинска, Македонско-Бугарска и Српско-Словенечка. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »