Петар Печков
Објавено: среда, 20 јули 2011
Вечерва со почеток во 21 часот на Фестивалот на античка драма Стоби ќе биде изведена претставата ,,Геноцид 21,, на текст од Љубиша Георгиевски, во режија на Владлен Александров а во продукција на Драмски театар од Скопје. Во ена играат Јелена Жугиќ, Рубенс Муратовски и Роберт Вељановски. Низ текстот се раскажува за аутопсија на еден злочин, на дете од пет години извршено од Елените, врз внукот на Хекуба, кралицата на Троја.
Текстот има христијанска нишка, низ него се провлекува идејата на покајание и идејата на простување и тој е длабоко патриотски. Јас и колегата Муратовски сме ѕверови, Агамемнон и Хекуба заборавени од сите во една стапица. Во целата приказна се џелатот и жртвата и сменувањето на улогите. Текстот е поезија за играње, тешко совладлив и менување на само една запирка, ја менува смислата и концепцијата – вели Јелена Жугиќ.
Ова е трета претстава од годинешната програма на фестивалот ,,Стоби,, истовремено и трето гостување на Драмски театар во изминатите десет години од неговото постоење.
Tweet |