речник контакт

Вечерва премиера во велешки театар, претставата „Елегија во пет здива“

Истата е дел од содржините на 59-тите Рацинови средби

Петар Печков

Вечерва, понеделник 20ч.  на сцената на велешки театар ќе биде изведена претставата  “Елегија во пет здива”. Тоа е прва годинешна премиера  на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Истата е дел од содржините на 59-тите Рацинови средби.  Претставата  “Елегија во пет здива”  е танц театар базиран по мотиви од избрана поезија од Радован Павловски, Петре М. Андреевски, Михаил Ренџов ,Ацо Шопов и Никола Маџиров.

„Во претставата се прикажани пет слики -пет здива, односно пет перформанси кои имаат за цел да создадат универзално разбирлив сценски јазик, доловен преку мултидисциплинарен пристап на подготовка и изведба преку комбинација на повеќе медиуми на сценско изразување како танц, нарација и физички театар. Актерите -танчарите, во претставата ги користат сопствените тела како субјекти како медиум за отелотворување на дадена емоционална состојба“- вели авторот  режисерот и кореограф Филип Петковски.

Во претставата играат  Васил Зафирчев, Симона Димковска, НаталијаТеодосиева и АдријанаДанчевска.  Костимографијата е на Антонија Гугинска, Јорданоска, Маја Ѓуреска и Гордана Божиновска, дизајн на светло Милчо Александров. Во претставата е користена  музика: Даха Браха, Пјотр Илич Чајковски, Лудвиг Ван Бетовен, Борис Харфман,  Хрвоје Црниќ, Кристоф Пендереки, Дуке Бојаџиев, Синтезис.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »