речник контакт

Вечерва „Сестрите Прозорови“ на велешки театар, ја отвора драмската програма на Охридско лето

Претставата ќе биде изведена во предворјето на црквата Света Софија

Петар Печков

Претставата „Сестрите Прозорови“, продукција на Народниот Театар Јордан Хаџи Константинов-Џинот од Велес ќе биде изведена на фестивалот „Охридско лето“ вечерва, среда,  во предворјето на црквата Света Софија, со почеток од 21 часот, со што  ќе биде отворена драмската програма на овогодинешното издание на фестивалот.

Оваа продукција, чија премиера беше на почетокот на 2020 е коавторски проект на Сашо Димоски и Васил Зафирчев, според мотиви на чеховите „Три сестри“, авторски и документаристички материјали.

Костимографијата на претставата е на Раде Василев, а во неа учествуваат актерите: Кети Борисовска, Маја Љутков, Славица Манаскова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски, додека плакатот е на Филип Коруновски.

„Дневник: Сестрите Прозорови“ е еден од текстовите во книгата „8/4“ на Сашо Димоски која ќе биде претставена токму со оваа фестивалска изведба.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »