речник контакт

Вечниот Пајо Патор слави 80-ти роденден

Тој е препознатлив по сината морнарската маичка со бели пруги и вратоврската пеперутка, по неговата несмасност, мрзливост и изблици на лутина - најпознатиот патор на светот - Пајо Паторот наполни 80 години

Петар Печков

Сина морнарска маичка со бели пруги, црна вратоврска пеперутка и долг клун - така изгледаше Пајо Паторот на неговиот прв настап. Тој имаше само споредна улога во цртаниот филм во должина од седум минути „Паметното мало пиле“ кој беше емитуван за првпат на 9. јуни 1934 година.

Пајо Паторот беше лукав, мрзлив, постојано се лутеше, но за кратко време со својата споредна улога стана ѕведа на медиумскиот концерн „Волт Дизни“. Публиката можеше да се идентификува со паторот. Пајо Паторот беше спротивен лик на Мики Маус, кој беше пријателски настроен и постојано подготвен за помош.

Пајо Паторот, напротив, се бореше за Пата - неговата обожувана патка со розова панделка на главата и против неговите внуци Рајо, Гајо и Влајо. Но, пред се‘, Пајо Паторот се бореше против себе, против своето ноторно лошо расположение и лутината.

Неговиот легендарен цртач Карл Баркс за Пајо Паторот еднаш рече: „Јас не му го препишав нерасположението. Него го имаше уште кога го видов првпат, тој веќе имаше една година, кога јас се приклучив кон Дизни. Мене ми беше сервирана оваа лошо расположена кукавица и тоа беше мојот материјал“.

Баркс од неа формираше една од најпознатите цртани фугури во светот и измисли нови карактери за универзумот на паторот - Патковград, или на пример - стрико Бајо, внуците, но и противничката банда. Најголемиот успех меѓутоа го имаше несреќниот патор, кој честопати не можеше да се разбере што зборува. Но, за тоа е одговорен Клеренс Неш, кој со години му го позајмуваше на Пајо Паторот својот смешен пискав глас.

Пајо Паторот држи некои рекорди: Тој има ѕвезда на патеката на славните во Холивуд и ниту една друга фигура од „Волт Дизни“ не се појавува почесто во филмовите отолку славниот патор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »