речник контакт

Вечното почивалиште на Андреја Дамјанов

Ова е гробот каде почива ГОЛЕМИОТ градител Андреја Дамјанов.

Петар Печков

Ова е гробот каде почива ГОЛЕМИОТ градител Андреја Дамјанов. Тој се наоѓа во надворешниот дел од гробните места на црквата Св.Пантелејмон, негово најзначајно дело. На него нема никаква има, буква, бројка. Во една пригода кога архитектите, кои останаа единствени да го слават и чевствуваат делото на Дамјанов, ги прашав зошто не се одбележи неговиот гроб за идните поколенија бргу го добив одговорот.

- Последна желба на Дамјанов пред да почине била на неговиот гроб да нема никаков знак, обележје бидеќи „мајсторот по делата се познава“ - објаснија архитектите. Така и би. Еве кратко и за неговата биографија.

Андреја Дамјанов (1813 – 1878) е еден од најголемите градители на сакрални објекти на Балканот. Роден е во село Папрадиште, велешко, во семејство на познати мијачки градители. Со своите браќа, мајсторот Андреја градел цркви во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји на Балканот. Неговата градителска умешност била забележана и во Европа, особено од патеписците кои Андреја го споменуваат како вреден и ценет мајстор. Неговите цркви се сметаат за бисери на сакралната архитектура на Балканот. При изградбата на црквите кои ги решавал како тробродни базилики со полуцилиндречни сводови, Дамјанов особено внимавал на акустиката во ентериерот на црквата како и на декортивните елементи на столбовите кои се белег на неговите градби. За негова најубава и неповторлива градба се смета соборниот храм „Св. Великомаченик Пантелејмон“ во Велес, изграден во 1840 година. Дамјанов е градител на црквата во манастирот “Св. Јоким Осоговски“ кај Крива Паланка како и на црквите „Св. Богородица“ во Ново Село, штипско и „Св. Архангел Михаил“ во Чичево. Во Србија ги изградил црквите „Св. Илија“ во Печењевац, „Св. Ѓорги“ во Смедерево, соборната црква во Ниш како и соборната црква во Сарево. Тој ја завршува и градбата на црквата во Мостар. Андреја Дамјанов се смета за ненадминлив градител на сакралани објекти на Балканот.

\"\"

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »