речник контакт

Видео играта „Мајнкрафт“ на филмското платно, премиерно во Киноверзум

Се прикажуваат и најгледаните филмови во светот „Работникот“ и „Снежана“

Петар Печков

На репертоарот на Киноверзум во Велес три филма, еден од нив е премиера и двата се најглeданите во светските кина.

Премира за „Мајнкрафт“ .  Четири чудаци ненадејно се вовлечени низ мистериозен портал во бизарна и коцкеста земја на чудата која се развива со имагинација. За да се вратат дома, тие ќе мора да го совладаат овој свет додека тргнуваат во потрага со неочекуван, стручен занаетчија. Мајнкрафт, најпродаваната видеоигра на сите времиња, во последните 15 години стана глобален феномен, инспирирајќи генерации играчи и креативци. Сега за прв пат светот на игратата се пренесува на филмското платно, нудејќи возбудлива перспектива исполнета со акција, хумор и неверојатна визуелна естетика. Филмот следи четворица аутсајдери – Гарет Ѓубреџијата Гарисон (Момоа), Хенри (Хансен), Натали (Маерс) и Дон (Брукс) – кои, додека се соочуваат со обични проблеми, ќе бидат вовлечени низ таинствен портал во чудесниот Почетен свет. Овој необичен свет е препол со фантазија, но им носи неочекувани предизвици – од учење како да се однесуваат во новото опкружување до одбрана од непријатели како Пиглин и Зомби. На својот пат го среќаваат рударот и градител Стив (Блек), па заедно со него тргнуваат во епска авантура што ќе ги научи како да ја користат сопствената креативност за надминување на сите пречки, како во светот на Мајнкрафт, така и во вистинскиот живот.


Акциониот филм „Работникот“ е најгледаниот филм во светот измиантиот викенд, со Џејсон Стејтам, кој како   Левон Кејд се откажал од опасниот живот за да биде добар татко и да работи во градежништво. Но, кога ќерката на неговиот шеф исчезнува, тој е принуден да ги искористи своите стари вештини од светот на специјалните операции. Во потрага по вистината, Левон открива мрачен заговор што му го загрозува новиот живот и сите што ги сака.

На репертоарот на Киноверзум во Велес е најновната филмска приказна за „Снежана“ , раскажана од студиото Дизни, втор по гледаност во светот.Во филмот играат Рејчел Зеглер во улогата на Снежана и Гал Гадот како лошата маќеа. „Дизни“ претходно најави дека ќе ги замени џуџињата со „магични суштества“ за да се избегне зајакнувањето на стереотипите, а џуџињата се прикажани преку видео анимации. Во филмот исто така го нема принцот, туку се фокусира на „посилната“ Снежана која сака да биде лидер.

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »