Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 јули 2010
Членовите на велешкото доброволното противпожарно друштво Видра летово ќе дежураат на брегот од езерото Младост, со цел да спречат можноста од појава на пожари, но и доколку огнот се појави, навреме да интервенираат и ја известат противпожарната бригада. За поголема прегледност на теренот од пожари, членовите на „Видра" изградија набљудувачница на една од највисоките точки со што имаат поглед на целото Езеро со крајбрежниот појас.
Во доброволното противпожарно друштво Видра членуваат триесетина луѓе од 18 до 50 години, кои сакаат да ја заштитат природата и се грижат за неа. Пожарникарите доброволци поставија плакати за заштита на шумата, а на камперите и останатите посетители на езерото Младост им поделија флаери со препорака што да се направи доколку се забележи шумски пожар.
Ова нивна активност е во рамките на проектот ,,Биди спокоен,, и ќе трае до 15-ти септември. Претходно, во првата половина од годинaва, во соработка со Дирекцијата за спасување ,,Видра,, ги едуцираше жителите на висококатниците од Велес, од опасноста поради тоа што тие чуваат лесно запаливи материјали во подрумите и катните балкони.
Tweet |