Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 јули 2022
Викендов крадци одзеле повеќе мотори, чии сопственици јавно побараа помош за да им бидат вратени. Тие на социјални мрежи дури и нудеа награда доколку им се помогне во пронаоѓањето на нивните мотоцикли. ТрМр се обрати до СВР Велес со прашање колку од овие превозни средства се пријавени дека се украдени викендот.
„За време на изминатиот викенд 01-03.07.2022 год. (петок, сабота, недела) на подрачјето на Велес пријавени се 4 случаи на одземени мотоцикли . Од пријавените одземени мотоцикли, еден е пронајден на подрачјето на Велес. Од страна полициски службеници од СВР Велес се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на останатите и откривање на сторителите“- соопштија од СВР Велес.
Tweet |