Петар Печков
Објавено: недела, 22 октомври 2017
Денес недела се одржаа три спортски ревијални настани. Кошаркарите одиграа меморијален турнир во чест на велешките легенди Тони Виларов и Бранко Ацков. Учествуваа екипите на ветерани од Велес, Струмица, Кавадарци и Битола.
Кајакарите возеа отворено првенство на Велес, со 60 учесници. Се возеше Ц-1 и К-1 слалом во машка и женска конкуренција со по пет клуба од Велес и од Србија. Во К-1 победи Борче Мирчевски пред Алексндар Златаров и Енис Небиоски.
За крај на сезоната велешките мотористи се собраа на т.н. ,,прилепски пат,, каде се дружеа и ги покажаа своите знаења и умеења.
Tweet |